Загина полицаец, друг тешко повреден, откако во нив удрил мерцедес

Од:

Полициски службеник загина, друг кандидат за полициски службеник е тешко повреден, повредени се уште две лица во Куманово, откако во нив удрил 40-годишниот С.Ј, соопшти денеска СВР Куманово.

Според полицијата, 45 минути по полноќ на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосницата со населба Ајдучка Чешма патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во 37-годишниот В.Ц. полициски службеник и во 25-годишниот А.М., кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

С.Ј. со возилото „мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П. (34). Возачот на возилото „шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телсени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.

С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини