Друштвото на писателите на Македонија соопштува дека вчера во 53-та година од животот почина писателот Драган Илиевски.
Посмртните останки на Драган Илиевски ќе бидат погребани на градските гробишта во Куманово.
Драган Илиевски е роден во Куманово во 1961 година. Својот работен век го помина во градската библиотека „Тане Георгиевски”. Член на ДПМ беше од 1998 година.
Драган Илиевски зад себе остави раскажувачки опус во кој за одбележување се збирките раскази „Потковица и апокалипса”, „Креда” и „Двојна вратоврска”.