На 66-годишна возраст синоќа во Скопје почина професор Петар Милошевски, поранешен министер за здравство во коалициската Влада во 2001 година.
Тој беше афирмиран универзитетски професор и долгогодишен директор на Институтот за фармакологија и токсикологија при Медицинскиот факултет на УКИМ.
Погребот на проф. Милошевски е утре на Градските гробишта во Бутел.