Почина новороденче во битолска гинекологија

Од:

Почина новороденче во битолската болница.

Наводно на родилката која дошла на контрола од гинеколог ѝ била дадена таблета за провокација и била пуштена дома.

Кога се вратила почнала да се пораѓала. Бебето било во тешка и лоша состојба. Неофицијално, постоел обид за реанимација, кој бил неуспешен.

Бебето било породено со многу низок апгар 2 и два часа по породувањето починало.

Претходно немало никакви компликации со плодот, ниту пак мајката имала какви било здравствени проблеми во текот на бременоста.

Министерот за здравство Фатмир Меџити е во вонредна ненајавена посета на болницата.

Официјални детали за случајот сè уште нема.

Би можело да ве интересира

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ