Почина новинарот Борис Поп Ѓорчев

Од:

Доајенот на македонското новинарство Борис Поп Ѓорчев, почина денеска по краткотрајно боледување.

Борис Поп Ѓорчев, доајенот на македонското новинарство, е роден во Велес на 22 јули 1933 година. Како професионален новинар е активен од 1953 година во весникот Нова Македонија, кога и станува член на Здружението на новинарите на Македонија. Во неговата богата новинарска кариера има објавено над 22.000 текстови како уредник и коментатор во Нова Македонија, во внатрешно политичка рубрика, во надворешно политичка рубрика, постојан дописник од Москва (од 1975 до 1979 година).

Одликуван е со орден на трудот со златен венец (1980 година), а добитник е на високата државна награда „11 Октомвриʺ (2003 година),  „Мито Хаџивасилев Јасминʺ (1984 година), „Крсте Мисирковʺ (1989 година ), „13 Ноемвриʺ ( 2008 и 2010 година ), „Гемиџиитеʺ ( 2009 година ); „Св. Климент Охридски ʺ (2006 година) и други.

Погребот ќе биде одржан на 27 јануари 2016 година (среда) на гробиштата Бутел во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски