Почина Нина Спирова, пејачката со чиј волшебен глас израснаа генерации

Од:

На 82-годишна возраст денеска почина Нина Спирова, една од највпечатливите фигури во современата македонска музика.

Позната најпрво како извонреден интерпретатор на староградска и народна музика, Спирова во 60-те години на минатиот век израснува во една од најголемите ѕвезди на тогашната забавна естрада и ги изведува некои од најпознатите македонски евергрини: „Молчи, молчи“, „Езеро мое“, „Еден бакнеж“, „На овој ден“ и многу други.

Низ соработка со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и многу други, Спирова има забележано над 100 композиции, меѓу нив и редица успешни сингл изданија на српскохрватски јазик.

Спирова, родена во Прилеп во 1938 година, ќе остане запаметена како врвен уметник, ненаметлива и скромна личност. Од естрадата целосно се повлече пред повеќе од 35 години, но и со релативно кусата кариера, си обезбеди важно место во македонската музичка историја.

Би можело да ве интересира

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски

Почина Љупчо Јакимоски поранешен директор на МИА и МРТ

Ана Ололовска

Почина неврохирургот Јовица Угриновски

Катерина Ѓуровски

Почина професорката Татјана Петрушевска

Катерина Ѓуровски

Почина Гордана Стошиќ

Ана Ололовска