Почина лавицата во Зоолошката градина

Од:

Лавицата која 20 години престјуваше во Зоолошката градина-Скопје почина по малиген тумор кој започнал да се развива на лицето и метастазирал низ целото тело.

Како што соопшти Зоолошката градина, тие уште во септември добиле препорака за еутаназија, но одлучиле да не се откажуваат од борба. Врз лавицата биле направени неколку операции за отстранување на туморот, но секојпат се враќал се поинванзивен.

Со тешко срце и насолзени очи се простивме од нашата лавица која долго време беше член на Зоо семејството. Малигниот…

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Среда, 20 февруари 2019

„Дијагнозата беше малиген тумор на кожа и поткожје со голем број на митотични и апоптични клетки, некрози и местимични крварења. Лекувањето за жал беше неуспешно, а лавицата која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата беше еутаназирана“, велат од Зоолошката градина.

Во нејзина чест знамињата пред Зоолошката градина ќе бидат спуштени на половина копје.

Би можело да ве интересира

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа

ЗОО Скопје добива 7Д Кино

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова туристичка атракција во Скопје – отворен е новиот Дино парк

Ана Ололовска

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје ЗОО

Ана Ололовска