Почина 27-годишниот повреден работник од фабриката за пиротехнички материјали во Сопиште, која се случи пред десетина дена, потврдија од Клиниката за реанимација и анестезиологија.
Момчето им подлегнало на опсежноста и длабочината на изгорениците од трет степен и зафатеноста на респираторните патишта.
Пред седум дена почина неговиот 59-годишен колега.
Несреќата во фабриката се случи на 26 јули. Од вкупно четворица повредени, тројца имаа сериозни повреди. За несреќата во оваа скопска фабрика, Министерството за труд и социјална политика најавија кривична пријава.