Почина генерал-мајор Ристо Дамјановски, првиот министер за одбрана во експертската Влада

Од:

По кратко и тешко боледување од Ковид-19 во текот на вчерашниот ден почина првиот министер за одбрана и член на експертската Влада по прогласувањето на независноста на Република Македонија, генерал-мајор, проф. д-р Ристо Дамјановски.

Дамјановски е роден во Доленци, Демирхисарско, 1937 година. Тој е основач и декан на првата Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“. Завршил највисок степен на воено образование во Белград, Политичката школа на ЈНА и Висока военополитичка академија, а докторирал на Универзитетот во Скопје и станал прв доктор на воено-историски науки на тема „Воените аспекти на Македонското националноослободително движење“ на Филозофскиот факултет во Скопје. Напредувал од поручник до генерал и од учител до универзитетски професор. Бил претседател на Општински комитет на НММ, член на СКЈ, секретар на Комитетот на СКЈ во полк, во дивизија, на подрачје на Армија и на Комитетот на СКМ во Касарната „Стив Наумов“ во Гарнизонот Битола. Подоцна бил помошник на командантот на Територијалната одбрана на СРМ, предавач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и виш предавач на Правниот факултет во Битола по Основи на општонародната одбрана на СФРЈ. Бил член на Извршниот совет и Републичкиот секретаријат за општонародна одбрана.

Исто така, учествувал на поголем број научни симпозиуми и има објавено преку педесеттина трудови. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и на „4-ти Ноември“ награда за едногодишна работа и наградата „Гоце Делчев“ за највисоки дострели во науката .

Погребот е извршен денеска на гробиштата во Бутел.

Би можело да ве интересира

Почина Јаков Лазароски, универзитетски професор и претседател на Претседателството на ЦК на СКМ

Ана Ололовска

Почина легендарниот музичар Ѓорѓе Марјановиќ, ја загуби битката со Ковид-19

Мери Јордановска

Почина Наќе Стојановски, поранешен пратеник и функционер од СДСМ

Жарко Настоски

Почина пејачот и манекен Ник Кејмен, славен во 80-тите

Жарко Настоски

Почина академик Богомил Ѓузел

Ана Ололовска

Почина британската актерка Хелен Мекрори, ѕвездата од серијата „Peaky Blinders“

Жарко Настоски