Почина Елмаз Докле,борец за правата на Македонците во Албанија

Од:

Во 77-та година од животот синоќа ненајдејно почина Емаз Докле, еден од најголемите активисти и борец за правата на Македонците во Албанија.

Веста за неговата смрт ја објави електронското издание на единствениот весник на Македонците во Албанија „Илинден“.

– Елмаз Докле е роден на 19 август 1939 година во Борје,област Гора, каде завршил основно училиште. Од 1968 година до 1998 година работел како раководител на катастарот во областа во Кукс. Неговиот живот е поврзан со три места на живеење, Борје, Драч и Кукс. Во 2010 година ја објави книгата “Борје и Борјани” монографија која беше многу добро прифатена од страна на јавноста. Тој неодамна ја објави монографија “Стариот  Кукс” а зад себе остави многу други дела во ракопис за областа Гора и неговите Македонци од оваа област, пишува весникот.

Покрај неговата публицисктичка дејност Елмаз Докле, беше еден од основачите на македонското друштво „Гора“,кое се грижи за заштита на националниот идентитет, култура и историја на Македонците во оваа област, која опфаќа девет села распослани во северниот дел на Албанија.

– Заминувањето на Елмаз Докле е голема загуба како за неговото семејство, така и за македонската заедница во Република Албанија. Македонците во Гора загубија еден од најголемите поборници за остварување на нивните права, вели Никола Ѓурѓај,познат македонски публицист, новинар и претседател на македонсото друшво “Илинден“ со седиште во Тирана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски