Почина Бранка Ѓорческа, носител на Партизанска споменица од 1941

Од:

Во Тетово денеска почина Бранка Ѓорческа, носител на Партизанска споменица од 1941.

Бранка Ѓорческа е родена во Штип во 1924 година. Била учесник во Народно-ослободителната борба од 1941 година, припадник на Кумановскиот одред во 1943 година. Како истакнат борец и храбра жена била избрана за секретар на Третиот баталјон на СКОЈ во Третата народноослободителна бригада, секретар на бригадниот комитет на СКОЈ во четвртата бригада, секретар на дивизискиот комитет на СКОЈ во 50-та и 51-та девизија.

По ослободувањето станува член на Огласниот комитет во Штип, член на Окружниот комитет на СКОЈ во Скопје, командант на младинската бригада на изградбата на пругата Брчко Бановиќ и организациски секретар на Градскиот комитет на КПЈ во Тетово.

Како храбар и истакнат борец во Мајската офанзива Ѓорческа била ранета. Иако воен инвалид, учествувала во изградбата на Македонија, заземајќи разни должности. Одликувана е со Орден за храброст, Орден за братство и единство, Орден на Републиката со бронзен венец, Орден на трудот со црвено знаме, Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда.

Погребот на Бранка Ѓорчевска ќе биде извршен утре на Градските гробишта во Тетово во 13 часот.

Би можело да ве интересира

Се чистат спомениците на НОБ

Ана Ололовска

Само семејствата го одбележуваат денот на загинување на 19 тетовски партизани во Беличица

Ана Ололовска

НОБ со донација на заштитни маски за оние на кои им се најпотребни

Ана Ололовска

Наезда на мачки во НОБ, има забрана за нивно хранење

А1он

Положено цвеќе пред спомен бистата на Христијан Тодоровски Карпош во Крива Паланка

Ана Ололовска

Преживеани борци на 95 години пишуваат книга за првата жртва во НОБ

Ана Ололовска