Почина амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев

Од:

Либерално-демократската партија ја информира јавноста дека по кратко боледување, синоќа почина амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев, претседател на Дипломатскиот Совет на ЛДП, борец за човекови права и нејзин истакнат член.

Либерално-демократската партија ја изразува својата најдлабока почит и искрено сочувство до семејството Аврамчеви во овие тешки мигови за сите нас.

Амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев во минатото извршувал значајни функции како амбасадор и постојан претставник на Р. Македонија во Канцеларијата на Обединетите Нации (ОН) и Светската Трговска Организација (СТО) во Женева, Швајцарија, бил советник во општина Кисела Вода од редовите на ЛДП, советник на министерот за економија, како и директорски позиции на повеќе приватни компании. Последна функција која ја извршуваше беше главен извршен директор на кошаркарскиот клуб “Работнички“ од Скопје од 2013-та до 2015-та година.

Ги покануваме сите членови и пријатели на ЛДП заедно, во сабота, во 12:00 часот, во капелата на Градските гробишта “Бутел“, да му ја оддадеме последната и заслужена почит на нашиот непрежален пријател, Ѓорѓи Аврамчев.

  • 2013 – 2015 Главен извршен директор

КК Работнички, Скопје

  • 2010 – 2012 Програмски координатор за ЕУ ​​/ ИПА прекугранични проекти за раното детство, Развој на Комитетот на регионите, Скопје
  • 2005 – 2009 Амбасадор и постојан претставник во Постојаната мисија на Република Македонија, Канцеларија на Обединетите нации во Женева, Светската трговска организација и други меѓународни организации во Швајцарија

 

Амбасадор и постојан претставник

Функциите што ги извршува како амбасадор и постојан претставник во ОН и Светската трговска организација

  • Претседател во 2008 година, Средби на Конвенцијата за билошко оружје

 

  • Заменик-шеф на делегација – УНКТАД XII, Акра, Гана, април, 2008 година

 

  • Заменик-претседател на 12-та седница на Комисијата за трговија со стоки и услуги на UNCTAD, февруари, 2008 година

 

  • Координатор на Источноевропската група во Канцеларијата на Обединетите нации во Женева, септември-декември, 2007 година

 

  • Претседател на Симпозиумот на УНЕЦЕ за трговија, правила, прописи и стандарди, октомври, 2007 година, Женева

 

  • Шеф на делегација на министерскиот состанок на земји во развој, опкружени со копно за меѓународна трговија, Улан Батор, Монголија, август 2007

 

  • Вршител на должноста-шеф на Делегација – Министерска конференција на СТО, Хонг Конг, декември 2005

 

  • 2004 – Советник на министерот за мултилатералните трговски односи,

Министерството за економија на Република Македонија, Скопје

  • 2002 – 2005 – Неизвршен директор на Градски Трговски Центар (ГТЦ)
  • 2001 – 2003 – Директор, Interlife – канцеларија за врски во Скопје, Македонија

Interlife-Осигурување СА, Salonika- Грција

  • 1996 – 2000 – Член на Советот на Општина Кисела Вода
  • 1996 – 2000 Директор – Tepro-Viexal ДООЕЛ Скопје-Македонија

Трговија со челик и алуминиум

Членка на Viohalko група, Грција

  • 1990-1995 Директор

Фила Ltd, Скопје

Бизнис Консалтинг и трговија

  • 1986 – 1989 – Консултант за развој на бизнисот за Југославија и Источна Европа

Правно друштво Д-р Маг, Харалд Јелинек, Виена – Австрија

  • 1982-1985 – Генерален директор

Горење Hellas Ltd, Солун-Грција

Производство на телевизори и апарати за домаќинство

Членка на Горење групацијата, Словенија

  • 1978-1981 – Извршен директор одделот за извоз на хемикалии,

Технометал-Вардар, Скопје-Македонија

Оддел за надворешна трговија

  • 1975-1976 – Директор на извоз,

Apco Industries S.A. Пиреа, Грција

Индустрија за пластична амбалажа

Амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев дипломирал на “Deere“ колеџот во Атина, Грција, 1972-1975, а магистрирал во периодот од 1976-1978 на Northeastern University, Бостон, Масачусетс, САД. Аврамчев беше докторант на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски