Либерално-демократската партија ја информира јавноста дека по кратко боледување, синоќа почина амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев, претседател на Дипломатскиот Совет на ЛДП, борец за човекови права и нејзин истакнат член.
Либерално-демократската партија ја изразува својата најдлабока почит и искрено сочувство до семејството Аврамчеви во овие тешки мигови за сите нас.
Амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев во минатото извршувал значајни функции како амбасадор и постојан претставник на Р. Македонија во Канцеларијата на Обединетите Нации (ОН) и Светската Трговска Организација (СТО) во Женева, Швајцарија, бил советник во општина Кисела Вода од редовите на ЛДП, советник на министерот за економија, како и директорски позиции на повеќе приватни компании. Последна функција која ја извршуваше беше главен извршен директор на кошаркарскиот клуб “Работнички“ од Скопје од 2013-та до 2015-та година.
Ги покануваме сите членови и пријатели на ЛДП заедно, во сабота, во 12:00 часот, во капелата на Градските гробишта “Бутел“, да му ја оддадеме последната и заслужена почит на нашиот непрежален пријател, Ѓорѓи Аврамчев.
- 2013 – 2015 Главен извршен директор
КК Работнички, Скопје
- 2010 – 2012 Програмски координатор за ЕУ / ИПА прекугранични проекти за раното детство, Развој на Комитетот на регионите, Скопје
- 2005 – 2009 Амбасадор и постојан претставник во Постојаната мисија на Република Македонија, Канцеларија на Обединетите нации во Женева, Светската трговска организација и други меѓународни организации во Швајцарија
Амбасадор и постојан претставник
Функциите што ги извршува како амбасадор и постојан претставник во ОН и Светската трговска организација
- Претседател во 2008 година, Средби на Конвенцијата за билошко оружје
- Заменик-шеф на делегација – УНКТАД XII, Акра, Гана, април, 2008 година
- Заменик-претседател на 12-та седница на Комисијата за трговија со стоки и услуги на UNCTAD, февруари, 2008 година
- Координатор на Источноевропската група во Канцеларијата на Обединетите нации во Женева, септември-декември, 2007 година
- Претседател на Симпозиумот на УНЕЦЕ за трговија, правила, прописи и стандарди, октомври, 2007 година, Женева
- Шеф на делегација на министерскиот состанок на земји во развој, опкружени со копно за меѓународна трговија, Улан Батор, Монголија, август 2007
- Вршител на должноста-шеф на Делегација – Министерска конференција на СТО, Хонг Конг, декември 2005
- 2004 – Советник на министерот за мултилатералните трговски односи,
Министерството за економија на Република Македонија, Скопје
- 2002 – 2005 – Неизвршен директор на Градски Трговски Центар (ГТЦ)
- 2001 – 2003 – Директор, Interlife – канцеларија за врски во Скопје, Македонија
Interlife-Осигурување СА, Salonika- Грција
- 1996 – 2000 – Член на Советот на Општина Кисела Вода
- 1996 – 2000 Директор – Tepro-Viexal ДООЕЛ Скопје-Македонија
Трговија со челик и алуминиум
Членка на Viohalko група, Грција
- 1990-1995 Директор
Фила Ltd, Скопје
Бизнис Консалтинг и трговија
- 1986 – 1989 – Консултант за развој на бизнисот за Југославија и Источна Европа
Правно друштво Д-р Маг, Харалд Јелинек, Виена – Австрија
- 1982-1985 – Генерален директор
Горење Hellas Ltd, Солун-Грција
Производство на телевизори и апарати за домаќинство
Членка на Горење групацијата, Словенија
- 1978-1981 – Извршен директор одделот за извоз на хемикалии,
Технометал-Вардар, Скопје-Македонија
Оддел за надворешна трговија
- 1975-1976 – Директор на извоз,
Apco Industries S.A. Пиреа, Грција
Индустрија за пластична амбалажа
Амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев дипломирал на “Deere“ колеџот во Атина, Грција, 1972-1975, а магистрирал во периодот од 1976-1978 на Northeastern University, Бостон, Масачусетс, САД. Аврамчев беше докторант на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.