По заканите се роди љубов: Toни Михајловски и Бранко Тричковски се прегрнаа во судницата

Од:

Актерот Тони Михајловски, против кого, скопското обвинителство поднесе обвинение за закани кон новинарот Бранко Тричковски, на денешното рочиште призна вина и му се извини на новинарот за заканите уптатени на „Фејсбук“. За тоа, судијката Александра Ристеска го осуди на условна казна затвор од 3 месеци, ако во рок од 1 година не го повтори делото.

Tричковски немал барања за отштета и за дополнителен прогон. Извори од судот за „А1 он “ потврдија дека на рочиштето Тричковски и Михајловски се прегрнале.

Основното јавно обвинителство во Скопје лани поднесе обвинителен предлог против Михајловски за загрозување на сигурноста.

Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот.

Михајлоски  беше обвинет за фејсбук-статус дека може да го убие Тричковски без око да му трепне.

Би можело да ве интересира

Одземен му е пасошот на Јован Деспотовски

Бројни системски слабости кај Кривичен суд утврди Ревизија

Кривичен ја одби жалбата на Груби за притворот

Кривичен решава за притворот на Груби и Бајрами, одредени мерки за претпазливост за четворицата други осомничени во случајот „Лотарија“

Катерина Ѓуровски

На четворицата уапсени за тероризам им е одреден 30-дневен притвор

Катерина Ѓуровски

Судот одлучи: Осум обвинети од акцијата „Адитив“ завршија во притвор