По три години затвор добија шест лица учесници во протестите кога беше каменувана судската зграда а демонстрантите се судрија со полицијата.
Судот изрече максимална затворска казна за учество во толпа која ќе стори кривично дело а законот предвидува максимална казна од три години затвор. Двајца од осумте обвинети беа ослободени-еден по предлог од судот а за другиот обвинет се повлече обвинителство.
Адвокатите на обвинетите велат дека се шокирани од висината на затворските казни. Според нив судот пресудил и се водел од неколку фотографии што не докажуваат дека нивните клиенти сториле кривично дело а судот им досудил максимална казна.
Роднините на осудените рекoа дека пресудите за нивните роднини се продолжение на случајот „Монструм“, и според нив министерката за внатрешни, Јанкуловска, премиерот Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети покажуваат сила и репресивни мерки.
Адвокатите посочија дека пресудата ќе ја обжалат до Апелација.