Претседателот на комисијата за политички систем, Влатко Ѓорчев по трет пат ја одложи седницата за разгледување на извештајот на Специјалното јавно обвинителство.
Тој кажа дека Катица Јанева со тоа продолжува да го негира Собранието, иако Јанева вчера истакна дека за неа пратениците се нелегитимни и нема намера да се појави.
Опозициските пратеници прашаа каде е напишано дека таа мора да се појави, но без да добијат одговор, Ѓорчев ја презакажа седницата за утре во 11 часот.
Пратениците од опозицијата иако бараа, како и минатите две седници не им беше даден збор процедурално.
Александар Тодески