По стотици повреди, мразот е исчистен од битолските улици

Од:

По фрапантаната бројка од речиси 150 повредени битолчани поради лизгање на мраз и десетици скршеници и операции на раце и на колкови, јавните претпријатија во Битола со вонреден ангажман викендов ги исчистија тротоарите и пешачките премини од мразот.

ЈП „Комуналец“ од петокот до вчера во доцните попладневните часови ги расчистуваше тротоарите и споредните улици од мразот.

– Се работеше вонредно и брзо бидејќи следуваа нови најави за врнежи од снег. Мразот е исчистен од тротоарите, пешачките премини и од парковите, бидејќи новиот снег можеше да ги замаскира овие површини, па да настанеа поголеми проблеми – вели Зоран Соклевски, директор на ЈП „Комуналец“ од Битола.

Ноќеска во градот под Пелистер наврнаа околу 15 сантиметри снег, а од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека нема пријавено проблеми во ниту едно населено место.

Од ЈП „Нискоградба“, кое е задолжено за чистење на патиштата, велат дека сите улици од прв и од втор приоритет се проодни.

– Уште во претпладневните часови ќе работиме да го исчистиме снегот и по улиците од трет приоритет. Ноќеска на патиштата и на улиците околу и во градот се фрлени 18 тони сол и 14 кубни метри ризла. Состојбите со новиот снег се под контрола – вели Кире Крстевски, директор на ЈП „Нискоградба во Битола“.

Мета

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот