По Србија и Косово, набргу One Stop-систем и со Албанија

Од:

Заедничките гранични контроли One Stop веќе функционираат на граничните премини со Србија и Косово, а со потпишувањето на договорот со Албанија е заокружен процесот на воспоставување на овој современ систем со сите соседи кои не се дел од шенген-зоната – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Со имплементацијата на One Stop-системот, како што се наведува во соопштението, граѓаните добиваат едно застанување, една гранична контрола и значително пократко време на чекање, а државите добиваат поефикасно управување со границите, поголема безбедност, повеќе трговија, туризам и регионална поврзаност.

– Веќе ги гледаме резултатите. На Табановце, и покрај тоа што ова лето бројот на патници е зголемен за 15 до 20 проценти, времето на чекање е значително намалено. Тоа го овозможивме и на Блаце – Елез Хан, а со пуштањето во употреба на системот на Јажинце – Глобочица ја заокруживме имплементацијата на заедничките контроли со Република Косово. Потпишаниот договор со Република Албанија е следниот важен чекор. Набргу и таму ќе воспоставиме One Stop-систем, со што Македонија ќе стане една од првите земји во регионот што ќе има ваков модел на заеднички гранични проверки со сите соседни држави надвор од шенген-зоната – велат од МВР.

Посочуваат дека ова не е само инфраструктурен или административен проект, туку инвестиција во побрза комуникација меѓу луѓето, посилна економска соработка, поголема мобилност и уште побезбедни граници.

– Продолжуваме да градиме модерно Министерство за внатрешни работи, кое воведува европски решенија, што директно го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните и ја прават Македонија подобро поврзана, побезбедна и поконкурентна – наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски