А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

По отповикувањето, Азески на Црна Гора и посака брз развој и просперитет, на компаниите поголем профит

by А1он21/06/2021 - 09:4021/06/2021 - 09:42681
Share0

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кого Владата во Подгорица го отповика од функцијата почесен конзул во Скопје, утрово, преку соопштение до медиумите, се заблагодари за соработката и и посака на Црна Гора брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Црна Гора е независна и суверена држава, која согласно Уставот е дефинирана како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда, заснована на владеење на правото. Иако независноста на Црна Гора е обновена на 3 јуни 2006 година, со истапувањето од државната заедница со Србија, таа претставува една од најстарите европски држави. На овие простори се простирала латинската провинција Превалис, средновековната држава Зета, а денес современата држава Црна Гора, која претставува своевидна раскрсница на која се испреплетени повеќе историски случувања, народи и култури (илирска, словенска, византиска, турска), како и религии (христијанска и исламска), кои оставиле свои траги до денешен ден. Голема благодарност до сите оние со кои соработував на оваа важна мисија за бизнисите на нашите две држави. На Црна Гора и посакувам брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит, наведува Азески.

Црногорската Влада го објасни потегот со отповикувањето на Азески со изјава дека се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките власти во Црна Гора презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата. Како што објави весникот Дан, одлуката за отповикување е донесена на последната седница на Владата. Според одлуката потпишана од премиерот Здравко Кривокапиќ, Министерството за внатрешни работи дошло до сознанија дека Азески, при извршувањето на должноста почесен конзул, ја користел секоја можност да изрази сомнеж за угледот на Црна Гора и за кредибилитетот на нејзините тела.

branko azeskicrna gora

Би можело да ве интересира

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски06/09/2026 - 15:2006/09/2026 - 15:49

Полицијата откри дека Шабуњин прво го уби инструкторот, а потоа и двајцата помошници

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:1001/09/2026 - 14:11

Се самоуби рускиот државјанин осомничен за тројно убиство во Црна Гора

Горан Наумовски01/09/2026 - 06:45

Во Црна Гора 1 и 2 септември прогласени за денови на жалост, премиерот Спајиќ очекува убиецот да биде фатен

А1он31/08/2026 - 21:37

Полицијата трага по 30 годишен Русин – осомничен за тројно убиство во Даниловград

А1он31/08/2026 - 20:35

Три безживотни тела најдени на стрелиште во град во Црна Гора

А1он31/08/2026 - 19:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео