По изјавата на Мукоски барање до Русковска да се испита улогата на Милошоски во крвавиот упад на 27 април

Од:

Група граѓани бараат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да испита која е улогата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за време на упадот во Собранието на 27 април. Во барањето адресирано до Обвинителството со кое раководи обвинителката Вилма Русковска, пишува дека иако има пресуди за овој предмет, не се опфатени сите лица кои биле инволвирани.

Тие велат дека треба да се земе во предвид и изјавата на пратеникот Крсто Мукоски, кој од собраниската говорница кажа дека Милошоски и давал насоки на насобраната толпа каде да се движи. Со поднесокот се бара и Обвинителството да го повика на распит Мускоски, за да каже каква улога имал Милошоски на критичниот ден.

„Имајќи ја во предвид изјавата дадена од страна на пратеникот Крсто Мускоски, кој јавно посочува дека сега пријавеното лице Антонијо Милошоски од Скопје, насобраната толпа од граѓани ја упатувал да изврши ликвидација на Зоран Заев, може да се заклучи дека Милошоски јасно посочувал кој треба да биде ликвидиран, односно која е целта за влегувањето во Собранието“, пишува во претставката до која дојде „А1он“.

Поднoсителите на претставката бараат од Русковска проширување на истрагата за упадот во Собранието, со цел да се казнат сите сторители на кривични дела, бидејќи во спротивно, како што наведуваат, неказнетите ќе добијат поголема сила и ќе се сериозна закана за функционирање на правната држава.

Со претставката адресирана до ОЈО-ГОК се кривичен прогон против Антонијо Милошоски и Никола Груевски за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Би можело да ве интересира

Судење за „27 април”: Се сослушуваат сведоци предложени од одбраната на Јанакиески

Милошоски молчи по документот кој покажува дека е осуден, ВМРО-ДПМНЕ нема што да додаде

Кристијан Ландов

Апелација им ги намали затворските казни на осудените за „27 април“

Ландов

Иванов: Не знаев дека ќе се влегува во Собранието ниту планирав воена состојба

Ана Ололовска

Ѓорѓе Иванов треба да сведочи на судењето за организаторите на 27 април

Ана Ололовска

И документ од тетовскиот суд го побива Милошоски дека не бил осудуван во Германија

Кристијан Ландов