По илјада евра казна за четворица битолчани кои не почитувале полициски час

Од:

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против четири лица кои за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот директор на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување. Иако со донесена одлука на Владата на Република Северна Македонија било забрането движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на државата во временски период од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, обвинетите на 12.4.2021 година, биле затекнати како пеш или со возила се движат без дозвола на различни места во градот.

Обвинителството утврди дека обвинетите го сториле кривично дело Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од чл. 206 ст. 1 од Кривичниот законик, за што го поднесе предлогот со кој на надлежниот суд му предложи на обвинетите да им изрече парични казни, во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи на 10 евра во денарска противвредност.​​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама