По десет часа распит ослободен приведениот за бомбите во училиштата

Од:

По десет часа распит полицијата утрово го ослободи 23-годишниот Никола Наумовски приведен вчера поради поврзаност со дојавите за бомбите во училиштата во Скопје. Од МВР велат дека направиле и претрес во неговиот дом.

„Со лицето е извршен службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Приведениот Никола Наумовски е член и активист на платформата „Конзерватива.мк“ кои синоќа на Фејсбук објавија дека тој не е поврзан со дојавите за бомби во училиштата.

„Неспособноста на МВР и властите резултираше кон приведување на невини лица! Одговорно тврдиме и демантираме дека нашиот член Никола има каква било поврзаност со овие настани“, објави „Конзерватива.мк“.

Вчера лажни дојави за бомби имаше во девет скопски училишта, а минатата недела три последователни дена исто така девет училишта добиваа мејлови на електронските адреси со дојави за бомби.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде 12 бомби поставени на далеководи, се трага по екстремист

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје