А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Плевнелиев: Категорички сум против анекс на Договорот со Македонија

by А1он18/10/2018 - 13:41271
Share0

Поранешниот претседател на Бугарија и член на Охрдиската група за поддршка на Македонија за членство во НАТО, Росен Плевнелиев во интервју за „Блумбергтв.бг“ изјави дека е категорично против анекс на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Западен Балкан заостана во многу работи. Благодарение на членството во НАТО и Европската унија Бугарија се разви многу подобро и ја претрка Македонија. Бугарија ја осозна својата важност и е фактор на пријателство и стабилност во регионот. Бугарија, заедно со ЕУ и НАТО подава рака и предлага помош на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово, вели во интервјуто Плевнелиев, кој е претседател на Бугарија во периодот меѓу 2012 и 2017 година.

Во однос на резултатите од референдумот во Македонија, Плевнелиев вели дека не се изненадување.

– Бојкотот на референдумот беше очигледен. Тој е голема грешка на ВМРО-ДПМНЕ. Би било искрено ако партијата отворено ја изнесеше својата позиција, наместо да го бојкотира референдумот. Една од водечките политички партии во Македонија се сокри и не претстави никакви аргументи, а тоа не помага на државата и демократијата во неа. Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ ги провоцира проевропските граѓани во државата да излезат. Дури 92 проценти од гласачите на референдумот го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ и НАТО, вели Плевнелиев, во интервју за бугарски Блумберг.

Следете a1on на Youtube YouTube

Посочува дека Кремљ е против евроатлантската интеграција на Македонија и дека Москва поддржува поделби и национал-популизам во целиот регион.

– Речиси сите националисти и популисти во регионот, вклучително и во Бугарија се директно финансирани од Русија и застапуваат геополитички интереси на Кремљ, оценува Плевнелиев.

bugarijadogovor

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски13/10/2026 - 11:1713/10/2026 - 14:13

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски13/10/2026 - 08:4013/10/2026 - 12:07

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски12/10/2026 - 11:1912/10/2026 - 12:03

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 17:0308/10/2026 - 17:06

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

Катерина Ѓуровски07/10/2026 - 08:20

ВИДЕО: Напад со дронови на два брода во бугарски води во Црното море

Катерина Ѓуровски06/10/2026 - 09:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео