Планот за крводарување во Кочани реализиран со 95 отсто

Од:

Општинската организација на Црвен крст од Кочани денеска ја реализираше првата крводарителска акција за годинава, во која во просториите на Црвениот крст во Кчани крв даруваа 26 крводарители.

Годинава, според планот, се очекува да бидат реализирани 24 крводарителски акции во Кочани и урбаните населени места во Кочанско и во Зрновци и Чершиново Облешево.

– За годинава планираме да собереме 1.462 крвни единици и сметам дека со организирани активности преку целата годинапланот ќе го оствариме во целост, изјави Анета Коцева, секретар на Општинскиот Црвен крст од Кочани.

Минатата година,нагласи, планот за доброволно крводарување нашата општинска организација го реализираше со 95 отсто, што е во рамките на очекувањата.

– Собрани се вкупно 1.291 единица крв во дваесетина акции. Годинава ќе организираме и неколку вонредни акции со што сметам дека ќе го реализираме планот, посочи Коцева.

Наредните две крводарителски акции, додаде, ќе бидат реализирани во февруари на терен и во просториите на Општинскиот Црвен крст, последниот четврток од месецот.

Би можело да ве интересира

Кочанчанец удрил девојка со пиштол и дивеел во кафеана – уапсен е

Анита Петровска Рајковиќ

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра