Писмо до Груевски и неговите поддржувачи

Од:

Го послушав премиерот Груевски, и му ја прочитав програмата. Лично ме интересираше што планираат да направат за малите и средните претпријатија, и за водењето бизнис.

Сакам на овој начин да придонесам за демонтажа на лажниот технократски капацитет на премиерот Груевски што може да се види од толку многу промовираната негова програма составена од 2046 проекти.

Еве можност да се увериме сите ние дека и со реализаирањето на оваа програма во Македонија ништо нема да биде подобро за 4 години, а она што сигурно ќе биде резултат од имплементирањето на оваа програма ќе биде помала Македонија со иселени додатни 300 000 граѓани во наредните 4 години, доколку дозволиме оваа програма да се релизира.
Нешто што е генерален заклучок од целосно читање на програмата е следно:

– Груевски 100% ја нема прочитано програмата во целост, да ја има прочитано сигурно не ќе дозволел да во нејзе еврата се заменети со денари а денарите со евра и да се користат лажни суми, се со цел да биде програмата пообемна и да изгледа дека има илјадници проекти.

Еве дел од спорните проекти:

74. ПРОЕКТ: НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА НА СИСТЕМИ ЗА КВАЛИТЕТ СПОРЕД (ISO) ИСО-СТАНДАРДИ
Со мерката ќе се надоместат дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според (ISO) ИСО-стандарди, и тоа 60% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 60.000 денари поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата.
Буџет: 300.000 денари годишно
РОК: 2014 – КОНТИНУИРАНО

Го прашуваме Груевски, Г-дине Груевски дали со овој проект сакате да и помогнете на една компанија или денарите всушност се евра?

75. ПРОЕКТ: ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ТРЕНИНГ НА НАССР ТИМ ЗА
ВОВЕДУВАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И МОДИФИКАЦИЈА НА НАССР-СИСТЕМ
Со мерката ќе се обезбеди финансиска поддршка за тренинг на HACCP-тим за воведување, одржување и модификација на HACCP-систем и обука до две лица од деловниот субјект, при што за секое обучено лице ќе се доделат до 20.000 денари.

Буџет: 200.000 денари годишно
РОК: 2014 – КОНТИНУИРАНО

Го прашуваме Груевски, Г-дине Груевски дали активност од 3000 евра за Вас е проект со кој се фалите и ќе покриете трошоци само за десет луѓе, или и овде сте ги помешале валутите?

76. ПРОЕКТ: ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ХАЛАЛ-СИСТЕМ
Со мерката ќе се даде финансиска поддршка за воведување и сертифицирање на ХАЛАЛ-систем, и тоа 70 %
од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 300.000 денари поединечно за секој деловен
субјект–барател на средствата.
Буџет: 3.100.000 денари годишно
РОК: 2014 – КОНТИНУИРАНО

Го прашуваме Груевски, Г-дине Груевски дали оваа активност е предвидена само за 10 компании или и овде сте ги помешале валутите?

77. ПРОЕКТ: ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Со мерката ќе се субвенционираат претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, државјанки на Република Македонија, преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од
120.000 денари, направени за следниве намени:
» набавка на опрема, алати и инвентар;
» уредување/подобрување на деловниот простор;
» грижа/чување на деца од претшколска возраст за жени кои почнуваат сопствен бизнис (60% од трошоците
за градинка и сл., но не повеќе од 30.000 денари).
Буџет: 2.400.000 денари годишно
РОК: 2014 – КОНТИНУИРАНО

Го прашуваме Груевски, Г-дине Груевски дали мислите дека ова мерка не е чисто фолиранство дека ги подржувате жените претприемачи со само 40 000еу годишно, или и овде сте ги помешале валутите?

78. ПРОЕКТ: ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА НОВООСНОВАНИ РЕТПРИЈАТИЈА ОД СТРАНА НА МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
Со мерката ќе се субвенционираат новоосновани претпријатија чии основачи (над 50%) и управители се млади лица до 30 години, државјани на Република Македонија, преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари, направени за следниве намени:
» набавка на опрема, алати и инвентар;
» уредување на простор;
» изработка на визуелен идентитет на производот/услугата (веб-страница, дизајн на логотип, рекламен материјал);
» дизајн на нов производ и амбалажа;
» стручно усовршување (учество на специјализирани обуки за потребите на претпријатието);
Буџет: 900.000 денари годишно
РОК: 2014 – КОНТИНУИРАНО

Го прашуваме Груевски, Г-дине Груевски дали не се страмите кога промовирате проект со вредност од 15 000 евра годишен буџет за финансиска подршка на младите претприемачи? Или и овде сте ги помешале валутите?

79. ПРОЕКТ: КОФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА НЕФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА МСП И ПРОМОЦИЈА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО И ЗАНАЕТЧИСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Со мерката ќе се кофинансираат проекти на фондации и на здруженија на граѓани кои се однесуваат на нефинансиска поддршка на МСП, како и проекти за промоција на претприемништвото и занаетчиството во Република Македонија, односно финансиска поддршка на проекти за:
» промоција и обуки за алтернативни извори на финансирање на МСП ( бизнис-ангели, франшизинг, факторинг);
» промоција и обуки за социјално претприемништво;
» промоција, обуки и форуми за женско претприемништво;
» Б2Б-средби;
» промоција и обуки за занаетчиството;
» вмрежување;
» промотивни активности (организирање саеми и манифестации).
Буџет: 2.000.000 денари годишно
РОК: 2014 – КОНТИНУИРАНО

Го прашуваме Груевски, Г-дине Груевски дали за овој проект имате предвидено буџет на годишно ниво за плата на двајца вработени, и на тој начин ли ќе им давате подршка на малите и средните претпријатија? Или и овде сте ги помешале валутите?

80. ПРОЕКТ: ОРГАНИЗИРАЊЕ БИЗНИС-НАТПРЕВАР – „БИДИ ПЕРСПЕКТИВЕН, ЗАПОЧНИ СВОЈ БИЗНИС“
Буџет: 1.200.000 денари годишно
РОК: 2014 – КОНТИНУИРАНО

Го прашуваме Груевски, Г-дине Груевски дали мислите дека младите ќе ги задржите во Макеоднија со натпревар за претприемач од 20 000евра? Или и овде сте ги помешале валутите?

82. ПРОЕКТ: КОФИНАНСИРАЊЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ОБУКИ – ДЛАБИНСКИ И ДЕТАЛНИ ТЕХНОЛОШКИ ОБУКИ ВО СЛЕДНИТЕ СЕКТОРИ: АВТОМОБИЛСКА, ТЕКСТИЛНА,
ПРЕХРАНБЕНА И МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА
Буџет: 790.000 денари годишно
РОК: 2014 – КОНТИНУИРАНО

Го прашуваме Груевски, Г-дине Груевски дали и ова е само еден од така нафрлените проекти само да се на број што повеќе? 790 000 денари за годишен буџет се потценувањена интелигенцијата на претприемачите. Или и овде сте ги помешале валутите?

83. ПРОЕКТ: ПОДДРШКА НА АВТЕНТИЧНИ ЗАНАЕТИ
Со мерката ќе се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, државјани на Република Македонија, преку кофинансирање до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 100.000 денари, направени за:
» набавка на опрема и алати;
» уредување и подобрување на деловниот простор;
» дизајн на производ;
» стручно оспособување на занаетчиите.
Буџет: 600.000 денари годишно
РОК: 2014 – КОНТИНУИРАНО

Го прашуваме Груевски, Г-дине Груевски дали 600 000 денари годишен буџет или 10 000еу мислите ќе помогнат за занаетчиството во Македонија. Дали Вие знаете колку се 10 000 еу, или имате тотално изгубено осет за пари, или дефинитивно ова е потврда дека Вие самиот ова програма не сте ја прочитале? Или и овде сте ги помешале валутите?

84. ПРОЕКТ: ПОДДРШКА НА ЗАНАЕТЧИСКО ПРОИЗВОДСТВО И ЗАНАЕТЧИСКИ УСЛУГИ
Со мерката ќе се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, државјани на Република Македонија, преку кофинансирање до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари, направени за:
» набавка на опрема и алати;
» уредување и подобрување на деловниот простор;
» изработка на визуелен идентитет на производот/услугата (веб-страница, дизајн на логотип, рекламен материјал);
» дизајн на производ;
» надоместување на трошоците за здобивање со титулата мајстор.
Буџет: 700.000 денари годишно
РОК: 2014 – КОНТИНУИРАНО

Го прашуваме Груевски, Г-дине Груевски дали 700 000 денари годишен буџет или 10 000еу мислите ќе помогнат за занаетчиството во Македонија. Дали Вие знаете колку се 10 000 еу, или имате тотално изгубено осет за пари, или дефинитивно ова е потврда дека Вие самиот ова програма не сте ја прочитале? Или и овде сте ги помешале валутите?

85. ПРОЕКТ: ПОДДРШКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА
Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар – за следниве активности:
» изработка на нови организациони модели врз основа на ИКТ;
» изработка на техничка документација за нов производ, односно за подобрување на постојниот производ;
» изработка на идејно решение и/или печатење на: нова амбалажа, етикетирање, лого на производ и промотивни печатени материјали;
» воведување на ознаката СЕ;
» изготвување студии за истражување на пазарот и/или маркетиншка стратегија и/или активности за развој на бренд;
» изработка на веб-страница;
» сертификација на системи на квалитет според стандардите ЦММИ и ИТ-марк (CMMI и IT Mark).
Буџет: 1.400.000 денари годишно
РОК: 2014 – КОНТИНУИРАНО

Го прашуваме Груевски, Г-дине Груевски дали со 25 000 евра годишно мислите дека ќе ја зголемите конкурентноста на Македонската економија? Дали знаете колку е еден час конслултантски услуги? Дали знаете колку кошта еден програмерски сат?Не Груевски, појма немате, и овде се гледа дека е програмата пишувана во стилот, дајте повеќе проекти нека има на број. Или и овде сте ги помешале валутите?

Г-дине Груевски ова се проектите со кој ќе го помогнете Претприемништвото?
Г-дине Груевски ова се проектите со кој ќе им помогнете на малите и средни претпријатија во државата?
Ова се проектите со кој ќе ги зачувате младите во државата?
Ова се проектите со кој ќе ги мотивирате граѓаните да прават трето дето и да живеат во Македонија?
Ова се проектите со кој се фалите и ја барате довербата?
Г-дине Груевски, секој човек од Македонија кој ќе гласа за Вас поради оваа програма, е антимакедонец и директно допринесува да Македонија биде држава без народ.

Секој без исклучок без оглед на тоа дали тој некој бил наш родител, вујко, тетка, снаа, баба, дедо, внук, стрина, комшија, школски, кумашин, кум, и што год да е. Тој човек кој за ова гласа треба да се страми самиот од себеси.

И на крај, сите мерки за развојот на претприемништвото изнесуваат вкупно: 246 991 евро према курсот од 61,6 динари за еден евро.

Како споредба само за патот до Сончев Град имате предвидено 6 700 000 еу.

Оваа програма од 2046 е направена дефинитивно на следниот начин: Груевски им дал задача на секторите во партија и на министрите да праќаат проекти до некој компјутерџија кој треба да ја состави програмата, и секој ден овие кутриве праќаат а компјутерџија го известува Груевски за бројот на проекти на дневно ниво. Груевски бесен секој ден лично ги бара: АЛОО, абе ајде п.аќајте п.оекти мо.а да ја затво.име п.ог.амата….И ови сиромашките праќаат глупости секој ден, само да пратат што повеќе. Бидејќи веќе нема време а мора да се штампа стигнуваат до бројот 2046. Како симболичен број ја затвараат програма, воудшевени како стигнале воопшто до 2046 и сигурни дека СДСМ ќе има помалку од нив. Успеваат, имаат повеќе од нив, ама глупости а не проекти.

Се гледа Груевски од програмата убаво кај Ви се приоритетите, и ќе Ве молам дефинитивно немојте повеќе да бидете мој премиер, кандидирајте се за Градоначалник на Скопје, ќе си гласам за Вас затоа што верувам дека таа функција ќе си ја извршувате ревносно, а впрочем и лопатата добро Ви стои.

Премиер, тоа е озбилна работа и тоа не е за Вас.

П.С. Ако за овакви мерки овие од сликава Ви даваат награди, вратете им ги, покажете доблест. Исто како Мирослав Клосе кој призна дека не е пенал, а беше досуден пенал…..А, да, оние 1 500 000 еу, задржете ги, тоа е најмалку што можеме да го платиме за Вас.

doingBizis

 

Јован Јованов

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска