Пишев на 27 април: Ако треба и ќе умреме за Македонија

Од:

На денешното рочиште за „крвавиот четврток“, обвинителката Вилма Рускоска ги презентира СМС и Вибер пораките од одземениот телефон на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски, направени на 27 април минатата година при насилниот упад во Собранието на РМ.

Од пораките може да се види дека Мукоски заедно со пратениците Јохан Тарчуловски, Васил Пишев, екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и уште десетина лица, меѓу кои и функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како претседателот на УМС и Владимир Нелоски, кои членуваат во Вибер група, се вршела организацијата на граѓаните вечерта при упадот во Парламентот.

Комуникацијата почнува со прашање на извесен Цветан Трипуновски кој во 17:48 часот во групата прашува што се случува во собраниската сала. На ова прво му одговара Јохан, велејќи „Се брани Македонија, удрија душманите нема назад“.

Веднаш по него во 17 и 54 пратеникот Васил Пишев вели „Браќа и сестри нема пуштање, ако треба ќе умреме за Македонија“.

Во 19 и 28 часот лицето Александар Атанасов вели во групата „Горе ги тепаат нашиве комуњариве“.

Во 20 и 36 часот едно од лицата кои Мукоски го нема запишано во контактите на својот телефон вели „Зоки требаше до сега на едно друго место да биде, ама и за тоа друг пат“.

Цело време додека трае разговорот екс министерот Миле Јанакиески во групата повикува што повеќе граѓани да доаѓаат кај Собранието.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски