Пишев: Не реков дека ќе убиеме, туку дека ќе умреме за Македонија

Најостро ја осудувам грубата и тенденциозна манипулација на порталот „а1он“, но и на други медиуми и портали кои ја пренесоа веста со наслов дека јас наводно сум рекол „Ако треба и ќе убиеме за Македонија“, пишува пратеникот Васил Пишев.

„Таа реченица никогаш и никаде не сум ја рекол, пишал или изјавил и е тотална невистина и лага. Моето пишување кое го пренесоа почесните медиуми во такви околности на неконтролиран влез на луѓе, јас пишав, ако треба и ќе умреме за Македонија. И, тоа и денес го мислам дека тоа е свето право на секој Македонец. Потенцирам, дека за да умреш или да убиеш има огромна разлика дури и за малите деца“ вели Пишев.

„Со ништо не сум заслужил мојата чест и углед да биде нарушена и тоа никогаш нема да го дозволам.
Со почит,
Васил Пишев“

Би можело да ве интересира

Трајко Димков и Артан Груби ќе учествуваат во Комисијата за избор на работници од УБК

A1on

Собранието утре ќе ги гласа предлозите за избор на нови членови на Владата

A1on

Новите имиња за министри до крајот на неделата, по нив и на променетите директори

A1on

До петок предлозите за реконструкција на Владата во Собрание

A1on

(ВИДЕО) Џафери-Џангшу: Посетата силен придонес за унапредување на соработката

A1on

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите сметаат дека рокот за жалба е прекраток

A1on