Пишев: Институциите да реагираат во случајот со Заев

Од:

Пратеникот Васил Пишев од ВМРО -ДПМНЕ денеска побара институциите одлучно да реагираат и да докажат дека сите граѓани се еднакви пред законот.

– Со денешниот настап Петре Шилегов потврди дека единствениот политичар аболиран за тежок криминал е смртно преплашен. Зоран Заев знае дека е повторно фатен во криминал, рече Пишев.

Според него, Заев избегнува да излезе на ТВ дуел со него и јавно да ги соочат аргументите, за граѓаните да видат колку пари украл и на кој начин ги украл. Пишев смета дека граѓаните треба да знаат како дошло до тоа Струмица да плаќа двојно поскап превоз од Токио.

– Зоран Заев еднаш веќе успеа да избега пред законот благодарение на Бранко Црвенковски, кој го спаси од одговорност за криминал тежок осум милиони евра. Аболицираниот криминалец Заев не смее повторно да избега од одговорност, рече Пишев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина