Петти ден блокиран сообраќајот на Блаце и Јажинце

Од:

Поради блокада на граничните премини Блаце и Јажинце од страна на македонските превозници,сообраќајот за сите видови возила петти ден е во прекин во двата правцa. Превозниците од „Макамтранс“  го блокираа сообраќајот во понеделник навечер  во знак на протест за косовската трговска блокада.

Автомото-сојузот на Македонија информира дека на останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поради градежни работи кај планинскиот превој Плетвар на патниот правец Градско-Прилеп, што почна од 11-ти овој месец,  сообраќајот се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите се изведуваат во временски период од 7 до 17 часот, а се очекува да завршат до средина на следната недела.

На патниот правец А2 Гостивар-Кичево, во должина од 1 до 1,5 км во правец од планинскиот превој Стража кон Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да влијание при движењето на возилата, а ќе се изведуваат во работни денови најчесто од 8 до 15 или 16 часот.

Режимите за сообраќај на тешките товарни возила на државните патишта во РМ се завршени. На патниот правец Маврово – Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот е нормализиран.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска