Петрушевски: СДС да каже дали приведениот за убиство го пуштиле од затвор за да работи за избори

Од:

СДС да каже дали еден од приведените за убиството кај Мавровка го пуштиле да избега од затвор за да им работи за избори? За да го скријат ова расфрлаат ли пердуви, праша на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Е.К. еден од приведените за убиството кај Мавровка избегал од Идризово на 15.04.2024 година, 3 недели пред парламентарните избори.

СДС да каже дали го пуштиле од затвор сега веќе приведениот за убиство со цел партиски да го ангажираат?

Дали СДС расфрлаше пердуви и правеше сценарија рамни на научна фантастика за бегството на Блерим Рамадани, кои исто тие го овозможија за да го сокрие ова?

Срамота е на кое дереџе се симна СДС. Прикрива приведени за убиство и спасува судија измеќар на ДУИ како Пајазит Пајазити.

Од СДС да кажат и да не молчат.

Хаосот и безредието се плод на неспособноста и криминалот на СДС. Одговорност ќе има, се ќе излезе на виделина, затоа и стравот им е голем, посочи Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање