Петрушевски: ДЗР утврди – средствата кои СДС и ДУИ ги вратиле кон ЕУ за ИПА, не успеале да ги наплатат од правните лица

Од:

Според Извештајот на ДЗР за 2023 година, а кој се однесува за управување на јавните финансии и исплатите кои ги вршеле од Министерството за финансии управувано од СДС и ДУИ се утврдени нерегуларности, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Средствата кои Република Македонија ги вратила кон ЕК, поради злоупотреба со ИПА средства, а како последица на контрола од ОЛАФ, власта на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати од правното лице кај кое е утврдена злоупотребата. Имено во Изваштајот се наведува дека се вратени над 600 илјади евра, тоа се пари кои се исплатени од буџетот на државата кон ЕК, затоа што државата има обврска да ги врати парите за кое ќе се утврди злоупотреба, а истата потоа тие средства ќе ги побарува од правното лице кое ја направило злоупотребата. Владата на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати парите кои ги исплатила за злоупотребата кон ЕК.Важно е да се напомене дека ДЗР констатира дека договорите кои се прават за техничка помош мора да бидат со извршна клаузула со сила на нотарски акт, со цел забрзан поврат на средствата во буџетот. Државата мора да има заштитен механизам, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски