Петрушевски: ДУИ е поразен, Груби не е доволно да си замине од политика туку да ги врати парите

Од:

ДУИ е поразен, Груби не е доволно да си замине од политиката туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал.Воедно потребна е одговорност на сите оние кои во ДУИ му даваа политичка поддршка и СДС кои му беа оперативци во криминалот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Артан Груби не бил сам во случаите на сомнежи за криминал. Тој имал свои соучесници кои мора да одговараат.Не е можно Артан Груби да се сомничи за криминал, а Али Ахмети да е чесен. Треба да одговара и Ахмети за сето она што им го направи на граѓаните на Македонија и Албанците кои ги злоупотребуваше и се богатеше на нивен грб како и Македонците кои здружно со СДС ги крадеа. Борбата на ДУИ и СДС е за спас на криминалци како Артан Груби, затоа создаваат атмосфера на етнички тензии. Циркусот пред Уставен суд беше само за дефокусирање од криминалите на ДУИ и СДС кои забрзано излегуваат на виделина. Сега откако помина 11, ништо не се случи и ДУИ се демаскирани, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

ВЛЕН: ДУИ го присвои Охридскиот договор и сега го кочи Законот за правична застапеност

ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот договор ги доделила на организации од српската заедница

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата