Петров: Крушево е заборавено од власта

Од:

СДСМ по средбите со граѓаните викендов во Крушево и Демир Капија со околината со став дека постои општо незадоволство и дека луѓето се соочуваат со многу проблеми.

„Државата го посетува и почитува Крушево само за „Илинден“, откако ќе заврши церемонијата на прославата, завршува и интересот за Крушево и крушевчани.

Дополнително на ова, оваа година се обидоа главната прослава за Илинден да ја преместат во Скопје. Главната прослава за Илинден треба да биде во Крушево. Тука и е местото.

Запоставувањето од страна на централната власт е воочливо. И овој град подолго време е без инвестиции. Ги нема ветените вложувања и вработувања во дрвната индустрија. Запоставен е проектот „парк на ветерници“ и „сончев парк“, кој беше започнат во 2006 година“, рече Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?