Петров: Груевски да одговори дали ќе го потпише меморандумот за спорот со името

Од:

Ова е барањето што во името на СДСМ во понеделникот ја изнесе партискиот секретар Андреј Петров. Оттаму сметаат дека премиерот Груевски треба да се изјасни за овие прашања кои се од клучно значење за државата.

„Го повикуваме Премиерот, во најскоро време да се изјасни во однос на содржината на меморандумот, да каже што планира да преземе во врска со иницијативата од страна на Грција и да и соопшти на јавноста што подразбира иницијативата на комесарот Филе, за добивање на датум за преговори во декември, а во врска со забрзувањето на процесот на преговори со Грција за изнаоѓање на компромисно решение за спорот со името”, рече Петров.

„Она што зачудува е што во истиот период, Премиерот Груевски го гледаме како промовира тениско игралиште во Орешани, како игра фудбал во сала и како промовира нови членови на ВМРО-ДПМНЕ на партиски настани, а притоа одбива да се изјасни по прашањата кои се од клучно значење за иднината на државата”, рече Петров.

Не слушнавме став, ниту за новата форма за забрзување на преговорите околу спорот со името промовирана од страна на комесарот Филе, ниту пак оценка за меморандумот предложен од страна на Грција.

Не знаеме дали Премиерот планира да го потпише овој меморандум, дали планира да го отфрли или планира да понуди сопствен предлог како можност за интензивирање на преговорите околу спорот за името.

Сакаме да го повториме нашиот став, дека го поздравуваме фактот што Грција покажа било каква иницијатива за решавање на спорот со името кој самата го наметна, но меморандумот во онаа форма во која е предложен, сметаме дека е неприфатлив за Македонија и дека треба да се отфрли.

Евентуалното потпишување на предложениот меморандум од наша стана, онака како што е предложен, ќе нанесе непоправлива штета на македонските национални интереси, бидејќи меморандумот прецизно ја ограничува рамката во која би се воделе евентуалните преговори, што не е во наш интерес.

Затоа го повикуваме Премиерот, во најскоро време да се изјасни во однос на содржината на меморандумот, да каже што планира да преземе во врска со иницијативата од страна на Грција и да и соопшти на јавноста што подразбира иницијативата на комесарот Филе, за добивање на датум за преговори во декември, а во врска со забрзувањето на процесот на преговори со Грција за изнаоѓање на компромисно решение за спорот со името, заврши Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски