Петревски: Советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје свесно се обидуват да предизвикаат хаос во градскиот сообраќај

Од:

Денеска советниците на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ во Град Скопје со амандман на ребалансот на буџет зааеднички не ги изгласаа предвидените средства за сервисирање на редовните потреби на ЈСП, со што свесно се обидуваат да предизвикаат хаос во јавниот сообраќај, алармира генералниот директор на претпријатието Крсте Петревски.

Петревски по одржаната денешна вонредна седница на советот на Град Скопје оцени дека со неизгласувањето на буџетот, двете партии повторно докажале дека работат само за своите лични и партиски интереси.

-Непринципиелната коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во советот на Град Скопје денеска уште еднаш докажа дека работи за личните и партиските интереси и на штета на граѓаните. На денешната седница на советот на Град Скопје за ребаланс на градскиот буџет претставниците на овие две политички партии свесно решија да се обидат да предизвикаат хаос во јавниот градски сооббраќај, јас како директор на ЈСП нема да дозволам оваа непринципиелна коалиција да предизвика застој на јавниот превоз и да ги иостави чесните вработени во претпријатието без плата, но раѓаните мора да знаат кој работи во нивна корист, а кој на штета на Скопје. Оваа непринципиелна коалиција работи на предизвикување на проблеми за граѓаните онаму каде што ги нема штетата ќе ја трпиме сите ние граѓаните на градот Скопје, изјави тој.

Додаде дека претпријатието се уште чека Владата да ги подмири своите долгови кон ЈСП за бесплатниот превоз на студентите.

– Државата преку Министерството за образование и наукиа нема исплатено средтсва за 2021 2022 и 2023 година во вкупен износ од 360 милиони денари кои што ние секоја година во буџетот на ЈСП ги предвидуваме, но до денеска за жал се уште ги немаме добиено, истакна Петревски.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa

ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Инцидент во автобус на ЈСП поради политички тензии

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави