Петрески: Доколку опозицијата не учествува на изборите, истите нема да се одржат

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од СДСМ, Александар Петрески, денеска најави дека ќе ја почитува одлуката на партијата за евентуално неучество на претстојните локални избори, закажани за март годинава.

Тој лично смета дека избори ќе има, но нагласи дека доколку опозицијата не учествува на нив истите нема да се одржат.

– Не е добро за демократијата во земјата на избори да излезат само владејачките партии и нивните приврзаници, бидејќи тоа води кон едноумие, рече Петрески оценувајќи дека власта треба да смогне сили и да ги прифати барањата на опозицијата за фер и демократски избори.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Петрески едвај чека да не се одржат локални избори затоа што тоа, според нив, е единствениот начин да го избегне неминовниот пораз.

– Ако Александар Петрески не сака да учествува на избори,тоа е негова одлука која е резултат на неговиот страв и свесност за сигурен пораз, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ, во која уште се нагласува дека добро е што државата не зависи ниту од волјата на Александар Петрески ,ниту од волјата на Бранко Црвенковски.

Што се однесува до следните локални избори, ВМРО – ДПМНЕ му порачува на Петрески да почне да се пакува и во тоа пакување да гледа да не заборави нешто.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!