Полицијата потврди дека досега се пронајдени 15 тела на загинати од синоќешното невреме во Скопје.
Вистински хаос и трагедија синоќа се случуваше во скопско Стајковци каде се пронајдени најмногу од жртвите, како и во Ченто и Смилковци. Жителите беа во потрага цела ноќ по исчезнатите од Стајковци.
Дел ги пронајдоа,а за другите чекаа да се раздени за да се продолжи со потрагата. Полицијата не дозволува влез во скопско Стајковци денеска и местото е блокирано од сите страни.
Синоќа се трагало и по малолетно дете кое исчезнало по невремето, а како што наведуваат жителите опасноста е шпради тоа што во нивите кои беа поплавени, има длабоки бунари. Според жителите, бројот на жртвитеможе да биде поголем.