Петнаесет лица од Кочани ангажирани за општинско корисна работа

Од:

Петнаесет лица во пет различни области се ангажирани на работни задачи преку проектот за општинско корисна работа во Кочани.

Главни обврски им се давањето услуги на деца од предучилишна возраст, услуги на стари и изнемоштени лица, помош на лица со хендикеп, услуги во Центарот за донација, како и во посредувањето при делење храна во народната кујна.

– Ангажираните лица работат по четири часа дневно во работните денови и добиваат бруто надоместок 6.200 денари, од кои се плаќа персонален данок и осигурување. Услугите се спроведуваат во градот и две рурални средини, а едно лице е ангажирано за давање услуги на лицата од ромска националност, вели Аника Илијевска Ѓоргиева од одделението за општи дејности на Општина Кочани.

Проектот го финансираат UNDP и Министерството за труд и социјална политика, а на локално ниво го реализираат Општина Кочани, Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување и Здружението „Благородна мисија“.

Досега, преку проектот општинско-корисна работа биле ангажирани четириесетина лица, долгорочно невработени или социјално ранливи, од кои на петнаесетина Програмата им помогнала да се вработат, а биле опслужени над илјада лица од различни возрасни категории во Општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски