Граѓани покренаа петиција за итна оставка на Ѓорге Иванов.
Еве што стои на петицијата
Ние, граѓаните на Република Македонија, бараме итна оставка на Ѓорге Иванов од позицијата Претседател на РМ. Ѓорге Иванов го крши Уставот и ја турка Македонија во нестабилност и немири со спречувањето на мирен трансфер на власта.
Го потсетуваме Иванов дека во САД Хилари Клинтон освои три милиони гласови повеќе од Доналд Трамп, меѓутоа тој освои повеќе претставници во “electoral college”, телото кое го изгласува претседателот. Замислете што ќе се случеше доколу Претседателот Обама не дозволеше мирен трансфер на власта!
Сметаме дека со оставката на Иванов ќе се овозможи мирен трансфер на власта и ќе се смири меѓуетничката тензија која Иванов ја подгрева со неговото недржавничко и неуставно однесување. Новиот Претседател на Собранието би бил вршител на должност Претседател на РМ и ќе го додели мандатот на новото парламентарно мнозинство.