Петиција за екстерното да се прогласи како пилот-тестирање во Тетово

Од:

Петиција за прогласување на екстерното оценување како пробно, денеска се потпишуваше и во Тетово.

Револтираните наставници, ученици и родители давајќи го својот глас на пункт во централното градско подрачје, изразија незадоволство од спроведувањето на овој начин на проверка на знаењата на учениците.

За претставниците на Младинскиот образовен форум кој се јавува како иницијатор, петицијата е логичен чекор на реакција после сериозните пропусти во спроведувањето на целиот процес, законските прекршувања и игнорирањето на проблемот од институциите.

„Сите ученици, наставници, професори, родители и загрижени граѓани да се потпишат на петицијата и со тоа да упатат глас до Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар да го прогласат екстерното тестирање оваа учебна година за пилот со единствена цел – подобрување на образовниот процес и унапредување на перформансот и знаењето кај учениците и професорите, а непредизвикување страв”, велат во МОФ.

tetovopeticija (1)

Како најсериозни пропусти потенцирани се пробиените тестови кои се ширеле преку социјалните медиуми, паѓање на компутерскиот систем, прашања од материјали кои не биле предавани или не содржеле ниту еден точен одговор, како и скусувањето на рокот за објавување на листите со предмети од седум на четири дена, но и на терминот за  поднесување приговори кој наместо три траеше само два дена.

tetovopeticija (2)

Вкупно собраните потписи заклучно со утре, членовите на МОФ во Тетово ќе ги приложат  кон петицијата што се спроведува во 16 градови во Македонија, а со која од надлежните ќе се бара да се догради и усоврши екстерното тестирање како проект, а потоа да биде вреднувано.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Екстерно тестирање: Погоди што има на црната слика

А1он

Од утре до 11 јуни екстерно за учениците

А1он

Вјолца Алији: Манипулант и профитер можел да измисли дека сум се потпишала за државен испит

А1он

ДС на Павле Трајанов: Владата да ги повлече и преработи законите за образование

А1он

МОН: За екстерното тестирање на матурантите 283 приговори, 130 прифатени

Ана Ололовска

Масовна поддршка од 17.000 потписи за петицијата екстерното тестирање да се прогласи за пробно

Ана Ололовска