Пет затворени угостителски објекти во изминатата недела, два од нив во новогодишната ноќ

Од:

Споредено со периодот од 21 до 27 декември, кога беа затворени 13 угостителски објекти, за повеќе од 60 проценти е намален бројот на угостителски објекти кои биле затворени во минатата недела, од 28 декември до 3 јануари. Затворени се пет, а два од нив за време на новогодишната ноќ – еден во Струмица и еден во Битола. Државниот пазарен инспекторат ги спровел контролите во соработка со МВР.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашковска на прес-конференција соопшти дека во наведениот период (28 декември – 3 јануари), ДПИ извршил 4652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на протоколите за работа на угостителските објекти и со законите по кои постапува овој инспекторат.

-Изречени биле 35 прекршочни пријави, 24 решенија за констатирани неправилнсти и 16 прекршочни платни налози. Од 24-те решенија, пет се донесени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и протоколот за работа на угостителските објекти – по два во Битола и Тетово и за еден во Струмица, каде што не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење дејност, тие се затворени за работа на самото место и дополнително се изречени соодветни прекршочни платни налози, рече Грашковска.

Директорот на ДПИ Стојко Пауновски во одговор на новинарско прашање соопшти дека двата угосителски објекта во Битола се затворени – едниот, на 3 јануари, поради пречекорување на работното време по 18 часот, и ќе биде затворен десет дена.

Другиот објект е казнет 30 работни дена зашто во него на новогодишната ноќ имало забава со многу повеќе луѓе отколку што би собирал во нормални услови. Согласно Закон за прекршоци, ќе биде изречена и глоба.

Пауновски во одговор на новинарско прашање рече дека очекува оваа година Инспекторатот да има нови вработувања зашто според договорот со Владата и во рамки на дозволениот буџет за плати, ќе вработат инспектори на местото на тие што се пензионираат.

-Нашето барање беше околу 20 луѓе да примиме во 2020 и 2021. За оваа година имаме најавени 32-33 пензионирања, што значи бројката од 20 нови примања ќе ја спроведеме. Дел од кусокот на вработени инспектори во ДПИ во овој период го пополнивме со преземање други административни службеници, рече Пауновски во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата на Инспекцискиот совет.

Би можело да ве интересира

ДПИ извршил 1.290 надзори и затворил 20 угостителски објекти за непоседување сертификати или ковид протоколи

Ана Ололовска

Николовски: Е-инспектор почнува со примена во пазарен, трудов и управен инспекторат

Ана Ололовска

„Интермецо“ доби најблага казна – пломбирано ќе биде 10 дена, ако ја повтори журката повторно ќе го затворат

Маја Илиевска-Пачемска

Пломбирано „Интермецо“, повторно метеж и журка без дистанца

Маја Илиевска-Пачемска

Заев и Николовски се сретнаа со инспектори од Државниот пазарен инспекторат

Ана Ололовска

Заев на средба со инспекторите од ДПИ пред одлуката за разрешување на Пауновски

Ана Ололовска