Компанијата Хуавеи во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, во рамки на програмата „Huawei Seeds for the Future“, на петте најдобри студенти во областа на информатичките технологии и телекомуникации им овозможува студиска посета во Кина.
На доделувањето на ваучерите ќе присуствуваат и ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, главниот извршен директор на Хуавеи во Македонија, Марин Тинчев и амбасадорката на НР Кина во Македонија, Jин Лисјен.