Песна за покревање на јавната свест за аутизам

Од:

Со цел покревање на јавната свест за лицата со аутизам, прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството, невладината организација „Аутизам ААМК“, во соработка со бројни македонски уметници, ја создадоа песната „Растеме заедно“. Песната и спотот се од хуманитарен карактер и во нивното сoздавање сите учесници учествуваа доброволно.

„Растеме заедно“ е авторско дело на текстописецот и композитор Весна Малинова Бабамов, аранжманот е на Дарко Тасев, клавијатури Влатко Георгиев, виолина Филип Волкан, а е снимена во студиото AleXanDeR на Александар Ристовски Принц.

Учесници се (редоследно како во песната): Кристина Арнаудова, Весна Гиновска Илкова, Никола Перевски Пере (Нокаут), Лилјана Атанасова Лили, Дани Димитровска, Miyatta, Драган Спасов Дац, Петар Младеновски (Суперхикс), Филипа Гелевска, Горан и Ана Трифуновски (Пеперминт), Бранислав Николов (Фолтин) и Ева Ѓорѓеска.

Сценариото и режијата на спотот се на Koma design studio – Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Јосифовски и Небојша Гелевски.

Би можело да ве интересира

Мехмедовиќ: Не постои релевантен доказ дека вакцини предизвикуваат аутизам

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Зоран Мијалков поднесе пријава за расистички и ксенофобични пораки за децата со аутизам против вевчанецот Србаковски

Соучениците издлабиле свастика на тинејџер со аутизам: „Такво нешто не сме виделе со децении“

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот

Ана Ололовска

Ковачевски: Владата продолжува со силна поддршка за лицата со аутизам и нетипичен развој

А1он