Пендаровски: Заев се повлекува кога неговата партија е на власт, а тоа е дијаметрално спротивна ситуација од 2017-та

Од:

На крајот од годишното обраќање претседателот Стево Пендаровски го прокоментирам повлекувањето од политиката на досегашниот премиер Зоран Заев, со кого, како што рече, во изминативе десет години „заедно биевме битки во широкото граѓанско движење за човекови слободи и права“.

– Независно од индивидуалните ставови на граѓаните за политиките на премиерот во заминување, на јавноста ѝ се познати неколку несогласувања и меѓу нас по некои прашања, тоа е неспорно чин што треба да се поздрави затоа што не се случува често во новите демократии. Факт е дека тој се повлекува кога неговата партија е на власт, а тоа е дијаметрално спротивна ситуација од 2017-та, кога не можевме да изведеме мирна транзиција на власта при оформено парламентарно мнозинство, што директно ги испровоцира настаните од 27 април, најголемиот срам за македонската демократија во историјата, истакна Пендаровски.

Сакале или не, како што посочи претседателот, политиката е дел од нашите животи, но, никогаш не смее да стане целиот наш живот.

– Кога човекот ја наоѓа смислата на своето постоење само во политичката моќ и владеењето со другите, кога доаѓањето и останувањето на власт е единствената кауза во нечиј живот, тоа ја отвора ширум вратата за конфликти и поделби меѓу луѓето, рече Пендаровски.

Шефот на државата констатира дека малкумина останавме да живееме во татковината, дека сме поделени по многу основи, и оти нови делби се последната работа која смееме да си ја дозволиме.

Претседателот на крајот од обраќањето им посака на сите во 2022-та да имаат здравје и конечно да ги оставиме зад себе разговорите за вакцини, маски, карантини, изолација едни од други.

-Старата мудрост вели ако имаме здравје за сите други проблеми во животот ќе најдеме решенија, но, сепак, би сакал да им порачам на сите наши граѓани и на сите политичари, во годината пред нас, да се обидеме барем малку повеќе и да се почитуваме меѓу себе. Од сите катастрофи на кои сведочевме последниве две години научивме, за жал, на потешкиот начин, дека ако ги немаме најблиските до нас, ништо не вредат ни богатствата, ни куќите, ни парите, ни власта. Да сте сите живи и здрави и да ни е вечна нашата заедничка држава – Република Северна Македонија!, истакна Пендаровски во своето годишно обраќање во Парламентот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?