Пендаровски во Јегуновце: Сите сме горди на нашите војници, како врховен командант приоритет ќе ми бидат војниците

Од:

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на граѓаните и на 30 политички партии, денеска беше на средба со жителите на Јегуновце.

Пендаровски зборуваше за проектите од неговата програма и заложбите како иден врховен командант на македонската Армија.

„Нашата армија е веќе дел од НАТО. Армијата е гарант на суверенитетот, независноста и неповредливоста на територијата на државата. Сите сме горди на нашите војници, тие се најзаслужни за успесите на меѓународните мисии и за поканата која ја добивме за членство во НАТО.

Во мојот мандат како претседател, приоритет ќе биде токму Армијата и положбата на војниците.

Модернизација на Армијата и обезбедување на европски услови за македонските војници се моја обврска“ рече Пендаровски.

Пендаровски додаде дека процесите за модернизација на Армијата се веќе започнати и се обврза во соработка со Министерството за одбрана да ги интензивира.

„Посебен фокус ќе ставам на покачување на платите, домувањето, но и мерките за поддршка на припадниците на армијата по нивното пензионирање од активна служба во армијата. Затоа е многу важно започнатите процеси, напредокот, да ги продолжиме“, додаде Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски