Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот

Од:

Потреба од здружување на силите и нагласена солидарност меѓу сојузниците со цел успешно справување со кризата која има не само здравствена, туку и социјална и економска димензија, констатирале претседателот Стево Пендаровски и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во денешниот телефонски разговор.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, му се заблагодарил на генералниот секретар за топлото и искреното добредојде за Северна Македонија во НАТО, подвлекувајќи дека членството во најголемата безбедносна алијанса за нас е поттик за натамошен развој и значен придонес кон стабилноста, безбедноста и просперитетот на сегашните и идните генерации.

Претседателот Пендаровски го информирал генералниот секретар Столтенберг за состојбата со спречување и справување со последиците од пандемијата на Ковид-19 во Северна Македонија и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции. Соговорниците разговарале за активностите кои НАТО ги презема со цел оваа здравствена криза да не премине во безбедносна, осврнувајќи се притоа на се поприсутните дезинформации и начините за справување со истите. Покрај ова, соговорниците изразиле задоволство од фактот дека НАТО дава поддршка на своите земји-членки во логистичка и транспортна поддршка за транспорт на медицинска опрема, која е неопходна кај земјите членки, медицински персонал, како и употреба на иновативни технологии за креирање на медицинска опрема.

Во таа насока претседателот Пендаровски информирал дека повеќе земји-членки на НАТО веќе дадоа помош на Северна Македонија, поткрепувајќи го во пракса сојузништвото во справувањето со глобална криза како пандемијата на Ковид-19.

Северна Македонија е исто така дел од здружениот информативен систем на НАТО, преку, Центарот за управување со кризи, кој е дел од програмата на НАТО наречена „Next generation incident system” која служи за подобра размена на информации и подобра соработка меѓу институциите во земјава.

На крајот, соговорниците договориле засилена комуникација помеѓу надлежните институции во претстојниот период, како и размена на информации во делот на справувањето со пандемијата со Ковид-19 и организираните кампањи за ширење лажни вести.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Предраг Петровиќ

ИШ на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем еден денар од неговата 78% зголемена плата

Предраг Петровиќ

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

Предраг Петровиќ

Пендаровски ги кани противкандидатите на две мастер дебати, програмата ќе ја презентира на конвенција на 3 април

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски

Николоски: Каде Пендаровски ја донира покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите зошто ќе загуби