Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

Од:

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

„Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права.

Единствено задоволни работници се успешни и мотивирани работници кои можат да придонесат за напредок и просперитет на државата.

За таа цел, секој работник треба да има фер третман од страна на работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван.

Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за реализација и развој на професионален план.

Честит 1 Мај на сите работници!“

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

СДСМ: Стоиме рамо до рамо со работниците

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи