Пендаровски: Ситуацијата е сложена бидејќи не се знае колку ќе трае епидемијата

Од:

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго ќе трае епидемијата. Членовите на Советот посочиле дека мерките се спроведуваат ефикасно и се ефективни, што допринесува до тоа да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Советот заклучи дека ситуацијата останува сложена. Сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае епидемијата. Притоа, едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби. Имаме стрикно спроведување на препораките од СЗО и со мали исклучоци имаме навистина одговорно однесување на нашите граѓани“, рече Пендаровски.

Тој додава дека затворањето на границите и ограниченто движење е проблем за економијата.

„Сведоци сме дека и најразвиените земји тешко се соочуваат со овој сегмент. Ни следува тежок период. Потребни се серија на мерки и одговорни одлуки за да се намалат штетите на економијата. Советот за безбедност ќе ја следи работата на сите институции во овој период. До истекот на вонредната состојба ќе свикам најмалку уште една седница, пред евентуално продолжување на истата“, додаде Пендаровски.

Претседателот ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките, да останат смирени, рационални, одговорни и солидарни, за со заеднички напорни да се победи епидемијата.

Би можело да ве интересира

Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледува измените на законите за коридорите 8 и 10д пред да ги потпише указите

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски: Македонскиот јазик е заштитникот на нашиот идентитет, сегашност и иднина, коренот на нашето битие

Пендаровски: Немањето претседател на Судскиот совет фрла темна дамка врз целото демократско досие на државата

Пендаровски на крунисувањето на британскиот крал Чарлс во Лондон

Пендаровски: За потпишување укази не примам совети, пакетот закони за коридорите ќе го разгледам со мојот правен тим