Пендаровски – Помпео: Помошта од САД е потврда за меѓусебната солидарност и пријателство

Од:

Справувањето со Ковид-19, последните случувања во регионот, со посебен осврт на прашањето на Косово, биле теми на денешниот телефонски разговор меѓу претседателот Стево Пендароцски и државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски од името на граѓаните на Република Северна Македонија и од свое лично име изразил сочувство за смртта на над 50.000 американски граѓани како последица на Ковид-19 и изразил солидарност со американскиот народ.

Двајцата соговорници размениле информации за актуелните состојби околу справувањето со пандемијата, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност до државниот секретар Помпео за досегашната американска помош за справување со вирусот, која изнесува над еден милион американски долари.

Пендаровски истакна дека помошта е потврда за солидарноста и пријателството на двете држави во време на сериозни предизвици со кои се соочува целокупното човештво.

-Пендаровски му се заблагодари на секретарот Помпео за честитките за членството на Северна Македонија во НАТО, како и за целокупната американска поддршка и посебно на американската дипломатија, во исполнувањето на оваа стратешка цел, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари