Помпео: САД не смеат да ја напуштат Украина во борбата против руската агресија

Од:

Мајк Помпео, поранешен државен секретар на САД, оцени дека САД не направиле доволно за да ја спречат ескалацијата на конфликтот во Украина во 2014 година и да го зачуваат мирот.

Според него, и покрај сите напори на американските претставници, САД не успеале да ги осуетат плановите на рускиот претседател Владимир Путин и да ја спречат руската инвазија на Украина во 2022 година.

„Жалам што не беше направено повеќе во 2014 година, што не беше направено повеќе во 2022 година и што одвраќањето против Русија не успеа“, рече Помпео.

Помпео призна дека околностите биле различни тогаш и дека руската агресија не била толку интензивна, но истакна дека разговорите тогаш и денес се речиси идентични: „Ако ги погледнете документите од состанокот во Минск сега, тие би изгледале речиси исто како разговорите што се водат денес“.

Тој, исто така, предупреди на опасноста европските земји да се вратат на зависност од руската енергија.

„Ова треба да нè потсети сите: кога Владимир Путин ќе го спушти оружјето за момент, не можете да се вратите на рускиот гас“, нагласи тој.

Помпео верува дека САД не смеат да ја напуштат Украина во борбата против руската агресија.

Тој додаде дека некои членови на Републиканската партија зазеле ставови кои, според него, се спротивни на фундаменталните национални интереси на САД.

Би можело да ве интересира

Невремето на источниот брег на САД слабее, околу 300.000 потрошувачи и натаму без струја

Мелони бара објаснување од Зеленски: Кои западни сојузници знаеле за нападот во Бенгази?

Павел: Ограничена руска воена операција би можела да го загрози единството на НАТО

(ВИДЕО) „Телеграф“: Зеленски издаде надерба да се уништи „гордоста на Путин“

Нова закана од Техеран: Иранската гарда вети одмазда за загинатите морнари

Русите нападнаа деловни згради во Украина, има загинати

Горан Наумовски